Фонесека: Искрено, време беше за разделба

Бурен ден имаа вчера навивачите на Рома. Прво клубот од Рим објави дека се разделува со Пауло Фонсека, а само неколку часа подоцна објавија дека нов тренер на клубот е Жозе Мурињо.

Фонесека без големи емоции ја прифати оваа одлука на раководството на клубот.

„Професионализмот за мене е света работа. Во ред сум, исто како и првиот ден кога пристигнав овде. Мотивиран сум и сакам да го дадам најдоброто од себе до последниот ден. Мурињо е одличен тренер и верувам дека ќе успее да заврши добра работа овде. Искрен да бидам, беше време за разделба“, кажа Фонсека.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .