Фоден го „смири“ Дортмунд во 90. минута! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд беше пред големо реми на „Етихад“ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити, но англискиот репрезентативец во 90. минута им донесе победа на „граѓаните“ пред реваншот во Германија (2-1).

Еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на денешницата, Кевин де Брујне го донесе својот тим во водство во 19. минута, но „милионерите“ израмнија преку Марко Ројс во 84. минута. Сепак, Фоден по одличното додавање на Гундоган го постави конечниот резултат.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.