Флик најде нов ангажман, познати деталите

Се уште актуелниот тренер на минхенски Баерн, Ханси Флик ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија. Флик ќе го замени Јоаким Лев кој ќе ја напушти селекторската функција по завршувањето на Европското првенство.

Веќе некое време е познато дека Флик ќе биде нов селектор на Германија, а од денеска се познати и деталите од договорот. Тој ќе потпише договор до 2024 година и ќе ги води „панцерите“ во квалификациите за СП 2022 и квалификациите за ЕВРО 2024.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .