ФК Вардар се засили со Попзлатанов!

Вардар се одлучи да направи големи промени во составот, расчисти со доста играчи од минатата сезона и сега почна да носи нови имиња со тоа што денеска беше претставено второто засилување.

Нов член на најтрофејниот македонски клуб е Јован Попзлатанов кој во „црвено-црниот“ таборот доаѓа од Македонија Ѓорче Петров. Јован не се договори за продолжување на соработката со составот од Ѓорче Петров и одлучи да ја прифати понудата од Вардар.

Ова за него е кам-бек кај вардарци со оглед на тоа што беше дел од истиот од сезоната 2017/2018 до 2020/2021 по што замина во РТС од Летонија по што преку „лавовите“ дојде во добро позната средина.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.