ФИФА драстично го МЕНУВА фудбалот: Полувреме од пола час, кошаркарски правила, веќе НИШТО нема да биде исто!

Еден од двата каталонски водечки веници „Мундо Депортиво“, објави шокантна најава за промена на фудбалските правила кои ФИФА веќе наголемо ги тестира!

Според најновите најави, ФИФА во младинските категории веќе испроба четири важни промени, а примената на секоја од нив драстично би ја променила најпопуларната спортска игра на светот.

Промените кои ги разгледуваат се:

  • Мечот ќе биде поделен на два дела од по 30 минути, а времето ќе се стопира после секој прекин, како и во спортовите како кошарка и футсал. Со ова правило сакаат да гарантираат дека фудбалот ќе биде поактивен во двете полувремиња.
  • Бројот на дозволени измени во текот на натпреварите ќе биде неограничен. Во овој момент поради пандемијата е дозволено да се направат пет замени, додека во случај на продолженија ќе бидат дозволени додатни промени.
  • Ќе биде дозволено да се изведе аут со нога, а тоа значи дека ќе има опасни ситуации пред голот после прекинот, затоа што топката полесно ќе стигне во казнениот простор на противникот.
  • Кој ќе добие жолт картон ќе добие привремена суспензија од пет минути. „Пожолтениот“ фудбале ќе го помине тоа време надвор од теренот.

Инаку, овие правила веќе биле испробани на турнирот „Иднината на фудбалскиот куп“ на кој учествуваа екипата на ПСВ Ајндховен, АЗ Алкмар, Лајпциг и Бриж на возраст до 19 години, што значи дека не очекува фудбалска револуција.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .