Фиорентина: Овие се условите доколку сакаш да си одиш!

Душан Влаховиќ ја одби најдобрата понуда во историјата на Фиорентина и стана јасно дека сака да изнуди трансфер од Фиренца, но дали ќе се случи тоа во јануарскиот преоден рок зависи од понудата која ќе стигне на адреса на клубот на „Артемио Франки“.

“Веќе секој ден има шпекулации за Влаховиќ, а ние сакаме да зборуваме само за она што е наше. Веќе кажавме премногу за него и затоа очекуваме одговор од него и неговите претставници кога е блиската иднина во прашање. Бараме јавно да се изјаснат што сакаат. Ние имаме наши планови и можеме да ги активираме веднаш кога ќе ги знаеме и нивните идеи. Ако сака да си оди, бараме од него да го каже тоа јавно” – вели директор Џо Бароне кој призна дека Фиорентина ќе го продаде Душан доколку во јануари пристигне понуда измеѓу 80 и 90 милиони евра.

“Ако пристигне таква понуда од 80 или 90 милиони евра, ние секако ќе ја разгледаме истата. Но засега, немаме добиено ниту една конкретна понуда за него,” – открива Бароне.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.