На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесе одлука финалето од Купот на Македонија, помеѓу Академија Пандев и Силекс да се одигра во Скопје на арената „Тодор Проески“ на 19. мај.
Финалните натпревари во младинските категории ќе се одиграат на 25. и 27. мај на тренинг центарот „Петар Милошевски“.