Филиповски: Не размислував премногу, Партизан е голем клуб

Саша Филиповски, словенечкиот тренер со македонско потекло денеска ја имаше првата прес – конференција како прв тренер на српскиот кошаркарски великан Партизан.

Филиповски изјави дека не размислувал премногу кога ја добил понудата затоа што Партизан е голем клуб.

„Благодарам на шансата да го предводам Партизан. Не размислував премногу, знам дека ситуацијата не е лесна, ниту со короната. Како е во Србија, така е и во Словенија. Исто и во спортот, дојдов да го дадам максимумот. Ја сакам кошарката и ќе дадам се од себе, чекор по чекор да им се посветам на играчите и на екипата, да напредуваме од меч во меч, од тренинг во тренинг“, гласеше првата изјава на Филиповски како тренер на белградскиот великан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .