Фиго се огласи по аудио снимките од Перез кои протекоа во јавноста!

Шпански „El Confidencial“ објави серија на тајно снимените разговори во кој првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги озборува ѕвездиите на овој клуб.

На една од аудио-снимките тој зборува за Луис Фиго. Откако во 2006 година го продаде во Интер.

„Фиго е тој што го растури тимот. Најдобар беше Зидан, Фиго е к**вин син, исто како и Раул. Двајцата беа најлоши за тимот“, вели Перез.

Фиго се огласи на дуелот меѓу Реал и Барселона во Тел Авив.

„Мислам дека во приватните разговори може да се вметнат изрази надвор од контекст. Имав шанса да разговарам со Перез, тој ми објасни се. Тоа е завршена работа“, откри Фиго.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.