Фешта на „Гудисон парк“: Евертон и Ливерпул ги поделија бодовите! (ВИДЕО)

Во ултра – интересен натпревар во „Merseyside“ дербито, градските ривали Евертон и Ливерпул ги поделија бодовите (2-2).

Јирген Клоп не можеше да посака подобар старт на натпреварот. Садио Мане уште во 3. минута ги донесе „црвените“ во водство. Меѓутоа, „карамелите“ возвратија петнаесетина минути подоцна со голот на Мајкл Кејн кој го матираше Адриан. Чуварот на мрежата на Ливерпул мораше далеку подобро да реагира во оваа ситуација.

Во второто полувреме избраниците на Карло Анчелоти беа подобри, имаа неколку опасни шанси, статива, но Ливерпул повторно поведе. Една грешка во одбраната на домаќините каде колумбискиот дефанзивец Мина мораше со лева нога да реагира, но тој одбра со десната да ја одбие топката и така само му ја намести на Салах во 72. минута кој во манир на голем стрелец го реши Пикфорд.

Меѓутоа, ова не беше крајот на возбудувањата на „Гудисон парк“. Феноманеналниот сезонава Калверт Луин со гол со глава израмни на десетина минути до крајот, а вистинска драма се случуваше во продолженијата. Прво Ришарлисон доби црвен картон, додека Хендерсон погоди, гол кој беше поништен од ВАР, ситуација која беше и тоа како сомнителна.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .