Фешта во Кратово, заврши серијата на „Лавовите“, Дарбо ги сруши „Пандевци“…

По вчерашното дерби во Скопје, каде тетовска Шкендија убедливо со 1-5 го совлада македонскиот првак Вардар, денеска беа одиграни и другите мечеви од деветото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Дефинитивно највозбудлив беше натпреварот во Кратово каде паднаа дури седум погодоци, а Силекс во продолжението успеа стигна до победничкиот погодок преку Бурхам Мустафов(4-3).

За домаќините два пати стрелаше Иван Ристовски, додека еднаш погоди Денис Ристов. Головите за „романтичарите“ ги постигнаа Тошевски кој два пати ја погоди мрежата и Јевтовски од пенал.

Борец од Велес со победата од 2-1 на домашен терен успеа да ја прекине одличната серија на Македонија Ѓорче Петров од пет мечеви без пораз. Велешани во последните пет минути од натпреварот постигнаа два погодоци (Оливер Пеев и Ѓорѓи Ѓоргиев) и запишаа три бода.

Напаѓачот на Силекс, Дембо Дарбо продолжува со неверојатната форма. Африканскиот напаѓач сега ја сруши и Академија Пандев во Струмица со погодокот во 79. минута. Струга Трим Лум убедливо ја совлада катастрофалната Беласица со 3-0 (Лена, Миленковски и Османи), додека Пелистер и Ренова одиграа без голови во Битола (0-0).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .