Во голем стил финишираше „групата на смртта“ во која, сега по редослед се наоѓаат Франција, Германија, Португалија и Унгарија.
Унгарците иако последни, имаат за што да се гордеат, откако по ремито против Франција во Будимпешта, вечерва одиграа храбро и против Германија, која среде Минхен спасуваше „жива глава“ и во последните пет минути израмни на 2-2, што значеше следна фаза за „панцерите“.
Во дербито на групата помеѓу Португалија и Франција мечот заврши со ист резултат, а во прв план беа Кристијано Роналдо и Карим Бензема кои постигнаа по два погодоци, па епилогот после трите кола е ваков. Франција е прва со пет бодови, по четири има втората Германија и третата Португалија, додека Унгарија е последна со два бода.