Џентлменски потег направи селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт, кој ги повика навивачите да не свират на италијанската химна во финалето на ЕВРО 2020, кое се игра вечерва од 21 часот на „Вембли“.
„Многу е важно нашите навивачи да го почитуваат ривалот. Ние знаеме кога играме на гостински терен како ни е кога ја пееме химната, а тоа најмногу не инспирира. Мислам дека нема да му помогнат на тимот ако ја свират химната на противникот. Мислам дека можеме да ги уплашиме со навивање во текот на натпреварот, но химната мора да се почитува“, изјави Саутгејт.