Фенер го освои Тел Авив! (ВИДЕО)

Кошаркарскиот клуб Фенербахче успеа да забележи голема победа на гостувањето во жешкиот Тел Авив кај израелскиот великан Макаби во шестото коло од Евролигата (65-75).

Боби Диксон беше најефикасен кај клубот од Истанбул со 17 поени, Де Коло имаше 13, додека Еди два помалку. Прв стрелец на натпреварот беше Скоти Вилбекин од Макаби со 23 поени, а хрватскиот центар Анте Жижиќ мечот го заврши со 11 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .