Федерер: Треба да сум 800. на свет

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер после новата пауза ќе се врати на тениските терени и тоа во родната Швајцарија каде што ќе настапи на АТП турнирот од серијата 250 во Женева.

Легендарниот тенисер во моментов е на осмата позиција на АТП листата , но смета дека не го заслужува ова место.

„Не мислам дека паузата ми помогна поради повредата на колената. Денеска сите играчи се подготвени и играат, сите сакаат да бидат ефикасни. Единствената работа која ми помогна во текот на периодот е ранкингот, но искрен да бидам, тоа ми е најмалку важно. Вистината е дека веројатно би бил на 800. позиција на листата“, изјави Федерер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .