Легендарниот Патрик Мекинро смета дека мали се шансите за Роџер Федерер да триумфира на Ролан Гарос, но и покрај тоа швајцарскиот тенисер може да освои трофеј на другите Гренд слем турнири.
„Роџер немаше да се појави ако не мисли дека може добро да игра. Но, се сомневам дека оди со мисија да може да освои турнир. Дури и кога беше на врвот, беше вториот најдобар тенисер на светот на земја. Тоа сега не можеме да го кажеме, поготово затоа што доаѓа од долга пауза. Неговата цел сигурно е да одигра добар турнир и да стигне што подалеку“, изјави Мекинро.