Федерер откри дали ќе настапи на Олимписките игри

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер преку соопштение до јавноста обелодени дека одлучил да ги пропушти Олимписките игри, поради проблеми со коленото.

„Во текот на сезоната на трева, за жал доживеав мал проблем со коленото и морам да се повлечам од Олимписките игри во Токио. Многу сум разочаран, затоа што секогаш честа беше голема да ја представувам својата земја. Почнав процес на рехабилитација и се надевам дека ќе се вратам на натпреварувањето, покасно ова лето. На Швајцарија и посакувам среќа на ОИ, ќе навивам за вас“, порача Федекс.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.