Федерер и Ѓоковиќ рутински во четвртфиналето

Легендарните тенисери и едни од најдобрите во историјата на оваа игра, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ без поголеми потешкотии се пласираа во четвртфиналето на култниот Вимблдон.

Швајцарскиот тенисер со 3:0 во сетови (7:5, 6:4, 6:2) го совлада Италијанецот Лоренцо Сонего и во четвртфиналето ќе игра против подобриот од мечот Данил Медведев – Хуберт Хуркач.

Од друга страна, светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ немаше проблеми со Чилеанецот Кристијан Гарин кој исто така беше совладан со 3:0 во сетови (6:2, 6:4, 6:2). Србинот во четвртфиналето ќе се судри со Унгарецот Фуцович.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.