ФАКТИ, СТАТИСТИКИ: Кој е G.O.A.T, кој е поголем? Леброн или Мајкл…

По освојувањето на четвртиот шампионски прстен во НБА лигата на Леброн Џејмс, уште толку се разгореа дебатите околу тоа кој е најдобриот кошаркар во историјата, популарно наречен G.O.A.T (Greatest Of All Time), Леброн или неговото височество – Мајкл Џордан!

Најдобриот кошаркар на денешницата со освојувањето на „Лери О Брајан“ трофејот во дресот на Лејкерс стана првиот кошаркар кој успеал со три различни клубови да стане првак, а интересно ова беше неговото јубилејно десетто финале.

Иако Леброн речиси во сите статистички податоци е подобар од Џордан, сепак, славниот Ем Џеј е страшен во финалињата и затоа според многумина е број 1.

Неговиот рекорд од шест титули и МВП награди од исто толку финалиња е фасцинантен и најсилен адут за да остане GOAT.

„Летечкиот Мајк“ е ЕДИНСТВЕНИОТ кошаркар во историјата на НБА лигата кој никогаш немал под 20 поени во финалињата.

Верувале или не, играл во 35 финалиња и 35 пати уфрлил над 20 поени. Неговиот просек од 41 поен по натпревар во финалето во 1993 година тешко дека некогаш ќе биде достигнато. Џордан никогаш не дозволил финалето да дојде до одлучувачки седми натпревар.

Има уште многу рекорди кои се уште се во негова сопственост, но исто така и Леброн е феноменален. Сега ви ја преставуваме статистичката компарација помеѓу двајцата најдобри кошаркари во историјата.

РЕГУЛАРНА СЕЗОНА

Леброн: 1.300 натпревари, 49.000 минути, 34.000 поени, 9.400 скокови, 9.300 асистенции, 2.000 украдени топки, 1.000 блокади, 50,4 % шут од поле, 34,4 % шут за три.

Џордан: 1.100 натпревари, 41.000 минути, 32.000 поени, 6.700 скокови, 5.600 асистенции, 2.500 украдени топки, 900 блокади, 49,7 % шут од поле, 32,7 % шут за три.

Во регуларната сезона Леброн е подобар во сите статистички податоци, освен во украдени топки. Вреди да се напомене дека ѕвездата на Лејкерс во моментов има дури 200 мечеви повеќе одиграно од Џордан, а оваа бројка ќе се зголемува.

ПЛЕЈОФ

Леброн: 255 меча, 11.000 минути, , 7.500 поени, 2.400 скокови, 1.900 асистенции, 445 украдени топки, 250 блокади, 49,6 % шут од поле, 33,5 % шут за три.

Џордан: 179 меча, 7.500 минути, 6.000 поени, 1.200 скокови, 1.000 асистенции, 376 украдени топки, 158 блокади, 48,7 % шут од поле, 33,2 % шут за три.

И во плејофот Леброн е подобар и тоа во сите статистички податоци.

ПРИЗНАНИЈА

Леброн: 16 Ол Стар натпревари, 16 пати бил избран во иделаниот тим, шест пати бил во идеалниот дефанзивен тим, има четири титули, 10 финалиња, четири пати бил МВП, четири пати бил МВП во финалето, нема ниту една награда за дефанзивец на годината, два пати бил поентер/асистент на годината.

Џордан: 14 Ол Стар натпревари, 11 пати бил во идеалната НБА петорка, девет пати бил во идеалниот дефанзивен тим на годината, шест пати бил шампион, шест пати играл во финалето, еднаш бил дефанзивец на годината, пет пати бил МВП , шест пати бил МВП на финалето, 10 пати бил поентер/асистент на годината.

Во овие статистички податоци кои се индивидуални признанија, Џордан е далеку подобар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .