Синоќа во Лондон се случија две големи спортски натпреварувања. Прво Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, а потоа Италија стана Европски првак откако во финалето ја совлада Англија на пенали.
И за светскиот тенисер број 1 имаше место во ложата на „Вембли“, а таму доби – неверојатен пречек! Имено, легендарниот италијански тренер Фабио Кабело, славниот Ѕвонимир Бобан и големиот Роби Кин на „увце“ му ја пееја позната песна „You are simply the best“ на старо – новиот шампион на Вимблдон…