У19: Одлична група за нашите репрезентативци!

Одлична ждрепка за македонската фудбалска репрезентација до 19. години. Младите фудбалери ќе играат во групата 5 заедно со Чешка, Данска и Албанија во квалификациите за пласман во Елитната фаза за Европското првенство, а турнирот ќе се игра во Чешка од 7. До 10. октомрври 2020 година.

Селекторот Шкумбин Арслани е задоволен од ждрепката.

„Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Противниците се доста сериозни и навистина треба добро да се подготвиме доколку сакаме да минеме во Елитна фаза квалфикации. Имаме доволно време за анализа и подготовки, а за мене најзначајно е да бидеме во полн состав. Данска е фаворит, Чешка игра на домашен терен, но за нас тоа не менува премногу. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме помеѓу двете најдобри репрезентации“, изјави Арслани.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .