Уште не почнале, а веќе проблеми: Првиот ПОЗИТИВЕН на корона во Токио!

Едно лице е позитивно тестирано на Ковид – 19 тестирањата во олимпиското село во Токио, соопштија денеска организаторите на Олимписките игри, кои изразија загриженост поради епидемиолошката состојба на една недела до почетокот на Летните Олимписки игри!

Извршниот директор на Игрите во Токио, Тоширо Муто потврди дека едно официјално лице од странство било позитивно на корона – вирус, но не сакаше да ја открие националноста на тоа лице, пренесува угледниот Ројтерс.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .