Уште еднаш „им заби нож во срце“ на Англичаните: Марадона кажа што сака за 60. роденден!

За четири денови најголемиот во историјата, Диего Армандо Марадона слави јубилеј и ќе наполни 60 години, а во разговор за угледниот „France Football“ откри каква желба има за роденденот.

„Имам само една желба. Сонувам да постигнам уште еден гол против Англија, но сега со десната рака“, изјави Марадона.

Легендарен е потегот на Марадона кога на СП во Мексико со таканаречената „божја рака“ ја елиминираше Англија, а овој негов гол беше еден од најконтроверзните во фудбалската историја.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .