Уште еден ерменски фудбалер загина во битките за Нагорно – Карабах

Напаѓачот на ерменскиот фудбалски клуб Локомотив Ереван, Ерик Сарјан го изгуби животот во битките за Нагорно – Карабах, каде неколку недели жесток судир за овој не признат регион имаат Азербејџан и Ерменија.

Фудбалскиот клуб Локомотив од Ереван на социјалните мрежи потврди дека 18 – годишниот фудбалер бил убиен во војната со Азербејџан и изрази сочуство на неговото семејство и пријателите.

Ова е втор ерменски фудбалер кој загина во војната, а исто така беше убиен и шампионот во кревање тегови.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .