УФЦ шоу пред полни трибини на Флорида: Усман го нокаутираше Масвидал! (ВИДЕО)

Доцна синоќа на Флорида се одржа нов УФЦ евент, а во главната борба Камару Усман го победи Жорге Масвидал и така повторно го одбрани појасот.

Усман го нокаутираше Масвидал на почетокот од втората рунда, па така стигна до 14. победа во УФЦ и втора над Американецот во последните 10 месеци.

„Рековте дека сакате насилство, нема на што. Благодарност до Жорге, ме направи нервозен, морав да направам нешто вакво. Станувам се подобар и подобар. Тренерот ми кажа да се држам до основите. Јас сум најдобриот борец на денешницата“, кажа Усман.

Масвидал од друга страна откри дека за прв пат во кариерата добил нокаут.

„Никогаш не сум бил нокаутиран во 50 професионални натпревари. Усман ми покажа нешто што не го покажа во првата борба, таа негова сила. Ова се случува кога сте премногу самоуверен“, изјави по борбата Масвидал.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .