Унгарската фудбалска репрезентација го приреди најголемото изненадување на ЕВРО 2020, откако на домашен терен во Будимпешта пред своите навивачи одигра нерешено со огромниот фаворит и светски првак Франција (1-1).
Унгарците ги шокираа „триколорите“ пред крајот на првото полувреме кога поведоа преку Атила Фиола. Французите се вратија во вториот дел, но стигнаа само израмнување преку Антоан Гризман.
Унгарија така стигна до првиот бод на ЕВРО 2020, додека за Франција ова беше четврти бод.