„Умри, цигану“: Морбидна закана на навивачите на Малме упатена кон Ибрахимовиќ (ФОТО)

Моментот кога Златан Ибрихимовиќ откупи дел од акциите од клубот Хамарби од Стокхолм, стана „персона нон грата“ за навивачите на неговиот матичен клуб, Малме. Хулиганите на овој клуб веќе ја запалија статуата на шведскиот фудбалер која се наоѓа токму пред стадионот на Малме, а сега напрвија уште поголем скандал каде со бел спреј напишаа „Умри, цигану“.

Пред неколку дена хулиганите дури стигнаа и до неговиот дом во Стокхолм, а на вратата напишале „Јуда“, додека плочата со неговото име беше полиена со солна киселина. Потсетуваме, овие акции против Златан Ибрахимовиќ се затоа што тој купи 25 проценти од сопственичкиот пакет на големиот ривал Хамарби.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .