Ултрасите на Лацио со БРУТАЛНА провокација за Мурињо! (ФОТО)

Ултрасите на Лацио го уништија муралот кои го направија нивните смртни ривали – навивачите на Рома за добредојде на нивниот нов тренер Жозе Мурињо.

Имено, откако дознаа дека нов тренер на нивната Рома ќе биде Мурињо, навивачите на „римската волчица“ му посветија мурал во кој Португалецот вози популарно наречен „мобед“ со знакот на Рома, а на вратот нози шал во боите на Рома.

Сега, големите ривали од Лацио синоќа исто така добија нов тренер во името на искусниот Маурицио Сари, па навивачите на „небесносините“ одлучија да го упропастат муралот, и да ја добијат навивачката битка, а се поради тоа што Сари е стравствен пушач.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.