Ултрасите на Лацио го навредуваа фудбалерот од Косово, реакцијата на Сари ги воодушеви сите! (ВИДЕО)

Искусниот Маурицио Сари сезонава го превзеде римски Лацио, а веќе на почетокот на подготовките мораше да покаже авторитет веќе на првите тренинзи.

Имено, ултрасите на Лацио го следеа тренингот и го навредуваа косовскиот фудбалер Ведат Муричи кој за 18.500.000 евра минатата сезона пристигна од Фенербахче и дефинитивно не ги исполни очекувањата.

Сепак, навредите не се решение, а така мисли и Сари кој отиде пред навивачите и им порача:

„Ако ве слушнам да кажете било што против Муричи ќе ве избркам“, им кажа Сари, по што навивачите се смирија.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .