Ултрасите на Интер со пароли го искажаа мислењето за наводната продажба на Лукаку

Се погласни се шпекулациите за наводната продажба на Ромелу Лукаку. Најдобриот стрелец на Интер за минатата сезона по се изгледа ќе го напушти Милано летово, а тоа нормално не им се допадна на навивачите на клубот, кои поставија пароли пред просториите на клубот.

„Компанијо, внимание, ветувањата мораат да се почитуваат“, стои на транспаранетот.

Медиумите веќе на големо пишуваат дека Челси има голема желба да го врати Белгиецот во своите редови. Лукаку за клубот од Лондон играше во периодот од 2011 до 2014 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .