Ужас вести од Загреб: Адеми повреден, прогнозите се дека има скршеница, ќе настапи ли на ЕП?

Ужасни вести пристигнуваат од главниот град на Хрватска, Загреб, од каде што пристигнуваат информации дека капитенот на Динамо и еден од најважните играчи на македонската репрезентација, Аријан Адеми заработил посериозна повреда.

Станува збор за повреда на стапалото, а претпоставките се дека одличниот фудбалер од средниот ред заработил скршеница. Сепак, не е време за паника, останува надежта дека не станува збор за ваква повреда и дека Адеми ќе настапи на историското ЕП.

„Денес ќе бидат извршени деталните прегледи. Снимките ќе кажат за што точно се работи, но стравуваме затоа што првичните прогнози не се добри“, рече тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.