Ужасни вести од Кина: Екстремно невреме уби 20 ултрамаратонци

Најмалку 21. ултрамаратонци го загубија животот како последица од изненадувачко и екстремно ладно време во текот на ултрамаратонот одржан во кинеската провинција Ганса, пренесуваат кинеските медиуми, потврди и угледниот „Reuters“.

Трката стартуваше во сабота утрото од туристичкиот центар на обалата на Жолтата река, а во текот на трасата долга 100 километри, натпреварувачите требаше да поминат низ длабоките кањони и преку брдото да стигнат до платото, на надморска височина поголема од 1.000 метри.

Кога натпреварувачите стигнале до планинскиот дел од трасата се појавило страшно невреме, заврнало град и ветер кој носел се пред себе, што предизвикало голем пад на температурата.

Веднаш била започната опсежна операција за спасување на натпреварувачите во кој учествувале преку 1.200 спасувачи кои имале помош од дронови и радари за детектирање.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.