Лоши вести денеска пристигнаа за македонските навивачи, откако беше потврдена дека стандардниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски ќе го пропушти Европското првенство 2020.
Несторовски заработи повреда на еден од тренинзите на италијанскиот калчолигаш Удинезе, а прегледите покажаа дека станува збор за посериозна повреда на лигаментите на коленото.
Тоа значи дека напаѓачот ќе мора да биде опериран, по што ќе му биде потребна неколку месечна пауза, па дефинитивно ќе го пропушти Европското првенство.