УЕФА се поправи: Сејдини и Поповски се Македонци!

Откако Министерството за Надворешни работи на Македонија, официјално реагираше до УЕФА околу претставувањето на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини односно генералниот секретар Филип Поповски на официјалниот сајт како „Северномакедонци“, Европската куќа на фудбалот ја исправи грешката и ги впиша обајцата како Македонци.

Ова доаѓа откако функционерите на нашата федерација беа заведени со поимот „Северномакедонци“ на официјалната страна, што беше воочено, и забележано како погрешно. Оттаму и реакцијата, па и исправката.

Од МНР соопштија дека како што реагираат во сите институции по вакви направени грешки, така реагирале и кога станува збор за УЕФА, барајќи единствено коректна употреба на термините.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .