УЕФА најави: ПСЖ службено ќе ја освои Лигата на шампионите?

Францускиот првак ПСЖ во петок ќе биде прогласен за првак на Лигата на шамоионите, најави члено на Извршниот одбор на УЕФА, Данецот Џеспер Молер.

„Реал Мадрид, Манчестер сити и Челси ќе бидат исфрлени, тоа очекувам да се случи веќе во петок“, кажа Молер.

Тоа значи дека нема да се одиграат полуфиналињата, а ПСЖ да биде прогласен за шампион. Инаку, француските медиуми денеска излегоа со информација дека претседателот на „светците“, шеикот Насер Ел – Келафи добивал разни понуди од седум – осум клубови да се приклучи на проектот наречен Суперлига, но одбил.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.