УЕФА жестоко го казни Стефан Савиќ!

Црногорскиот репрезентативец Стефан Савиќ заработи жестока казна од УЕФА поради директниот црвен картон кој го заработи во натпреварот против Челси.

Дефанзивецот на реванш натпреварот против Челси од Лигата на шампионите со лакт го удри Антонио Рудигер, а судијата Даниеле Орсато заслужено му покажа директен црвен картон.

Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го казни Савиќ со четири меча суспензија, што значи дека нема да игра на почетокот на сезоната во групната фаза од Лигата на шампионите.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .