УЕФА го зголеми бројот на играчи: Познато на колку фудбалери ќе смета Ангеловски на ЕП!

Европската фудбалска федерација (УЕФА), донесе одлука да го зголеми бројот на играчи на кој секоја репрезентација ќе смета на претстојното Европско првенство, па така селекторот на Македонија, Игор Ангеловски ќе може да рачуна на 26 фудбалери.

Тоа значи дека бројката е зголемена за тројца фудбалери, а причината за ваквата одлука на УЕФА е проблемот со корона – вирусот и можноста да се заразат фудбалерите.

Селекторите повторно ќе пријават 23 фудбалери, додека останатите три ќе бидат запишани како замени кои ќе можат да ги користат.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.