Убедлив пораз на МЗТ од Младост Земун!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беа убедливо поразени во првиот чевртфинален натпреварот од плејофот во АБА 2 лигата, каде што загубија од Младост Земун (75-95).

Српскиот клуб апсолутно заслужи да стигне до победата. Земун беше во водство во текот на целиот натпревар и со убедливиот триумф се наоѓаат на чекор до полуфиналето. Вториот натпревар се игра за два дена, а во полуфиналето ќе оди тимот со подобар вкупен резултат.

Карачиќ беше најрасположен во редовите на МЗТ со 15 поени, 10 имаше Тарнер, девет Крстевски, а еден помалку запиша Мекиќ. Кај Земун прв стрелец беше Дрешел со 24 поени, додека 19 имаше Танасковиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.