Англиско финале ќе гледаме во Лигата на шампионите, откако вечерва Челси со победата над Реал Мадрид (2-0) му се приклучи на Манчестер сити со кого ќе војува за елитниот трофеј во финалето во Истанбул.
„Кралевите“ едноставно мораат да го признаат поразот. Томас Тухел тактички перфектно ги постави своите момци и му одржа вистинска лекција на големиот Зинедин Зидан.
По подолго време одличен натпревар одигра Тимо Вернер кој постигна гол, но имаше одлични потези и само лошата реализација на своите колеги не запиша и асистенција.
Маунт имаше едно промашување по асистенција на Германецот, меѓутоа англискиот репрезентативец се извади со голот во 85. минута за конечни 2-0, за совршен старт на Тухел на кормилото на Челси.