Тухел се огласи по повредата на Нејмар

Фудбалерите на ПСЖ синоќа ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите сезонава, откако во Истанбул го совладаа турскиот првак Истанбул Башакшехир.

Меѓутоа, резултатот остана во втор план поради повредата на Нејмар кој уште во првиот дел го напушти натпреварот. Тренерот на „светците“ Томас Тухел ја имаше првата реакција по повредата на Бразилецот.

„Се надевaм дека повредата не е сериозна. Резултатите од деталниот преглед ќе ги дознаеме денес“, кажаa Германецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .