Тухел: Опасни сме во Лигата на шампионите

Вечерва започнува Лигата на шампионите, а едно од најголемите дербија во првото коло дефинитивно ќе се одигра во Париз, каде домашниот ПСЖ го пречекува англискиот великан Манчестер јунјатед.

Тренерот на францускиот првак Томас Тухел на пресот пред мечот против „ѓаволите“ откри дека најважно за нив во моментов е да ја поминат групната фаза.

„Минатата сезона имавме неверојатно силен состав. Сега мораме да докажеме дека се уште сме способни да играме на високот ниво. Многу сум задоволен. Во Лигата на шампионите многу сме опасни, а не е лесно во вакви натпревари да создаваме шанси и да постигнуваме голови“, изјави Тухел.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .