Тухел: Вернер е разочаран, но милиони луѓе имаат поголеми проблеми

Напаѓачот на Челси, Тимо Вернер повторно пропушти голем број на шанси, а сега тоа се случи на синоќешното полуфинале од Лигата на шампионите, против мадридски Реал.

Менаџерот на „сините“, Томас Тухел го искажа своето мислење за промашувањата на неговиот сонародник.

„Промашувањето не ни помогна, но нема да помогне ако плачеме за шансата. Тоа е што е. Милиони луѓе се соочуваат со потешки работи. Тоа што е добро во спортот е дека веќе утре на никој нема да му биде гајле. Тимо е лут, можеби и разорачан. Ќе има слободен ден, да се одмори од се, тој е голем професионалец, напорно работи. Одиме понатаму“, изјави Тухел.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.