Турција се пласираше на ЕП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Турција се пласираше на Европското првенство. На Турците им беше потребен бод во мечот против Исланд кој го играа на домашен терен во Истанбул, а дуелот заврши со најнепопуларниот резултат (0-0).

Домаќините ја контролираа средината на теренот, но не успеаа да постигнат погодок. Иако Турците ја имаа иницијативата, сепак најголемата шанса на натпреварот ја имаше Исланд.

Исланѓаните во 82. минута можеа да ги шокираат домаќините, но топката од гол-линијата ја исфрли фудбалерот на Јувентус, Демирал.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .