Турците притискаат за Џани: Галата е најблиску, но Фенер и Трабзон се во игра!

Само еден чес по објавување на официјалната информација дека Лидс Ј. и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски ја завршуваат 4-годишната соработка, турските медиуми почнаа со шпекулации околу неговата иднина. Откако неколку месеци наназад се шпекулира со заминување на Џани во турската Суперлига, сега веќе има и погодно тло најавите да се реализираат.

Познатиот италијански новинар Николо Шира, предмалку објави дека Галатасарај веќе има официјални преговори со Алиоски и неговиот агент, и по се изгледа, истанбуслкиот гигант е најблиску до потпис со нашиот репрезентативец.

Покрај Галатасарај, кој е во пол-позиција за потписот на Џани, во игра и натаму се Трабзонспор и Фенербахче. Турските клубови сега го почнуваат вистинското наддавање, па останува да се види кој прв ќе го убедли Алиоски за преселба во своите редови.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .