Трнерот на Фленсбург „плаче“: Сите видоа што се случи, со вакво судење немавме шанси

Мајк Макула, тренерот на германскиот бундеслигаш Фленсбург кој синоќа беше разнесен од европскиот првак Вардар во Скопје, причината за првиот пораз сезонава го најде во судиите.

„Сакам да честитам на Вардар за триумфот. Може да кажам дека противникот си ги искористи своите моменти, а ние направивме многу грешки, посебно во првиот дел.

Но, не сум сигурен дека баш тоа го одлучи победникот. Вообичаено не сакам да зборувам за судењето, но сите видоа што се случи денеска кога станува збор за судењето.

Ние воопшто немавме израмнети услови на паркетот и во една таква ситуација не можевме да се носиме соодветно. Сега ни останува да се фокусираме на следните натпревари“, разочаран беше Макула.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .