Три градски дербиња, две добија гостите: Продолжи фудбалот во Македонија!

По краткиот прекин во Првата македонска фудбалска лига денеска продолжи фудбалот со натпреварите од 11. коло, во кое интересно, имаше дури три градски дербиња.

Во скопското помеѓу Работнички на арената „Тодор Проески“ го пречека Шкупи. Во интересен натпревар со многу голови, скопските ривали ги поделија бодовите (2-2). Шарковски и Станковски стрелаа за „романтичарите“, додека за Шкупи тоа го направија Адеми и Бианор.

Ренова како домаќин загуби од тетовскиот ривал Шкендија која со оваа победа му избега на +2 од Шкупи на табелата. Ибраими, Кривак и Љума стрелаа за тетовските „црвено црни“, а почесниот гол за „гипсарите“ го постигна Селмани.

Во струмичкото дерби, Беласица стигна до првата победа сезонава откако на гостински терен ја совлада Академија Пандев (1-2). Домаќините поведоа преку Стоилов, меѓутоа „кенгурите“ направија комплетен пресврт со головите на Ивановски и Шулев.

Шампионот Вардар, без Васовски на кормилото израмни во последната минута на гостувањето на охридското крајбрежје каде со Струга ТЛ ремизираше (2-2).

Борец убедливо го совлада битолски Пелистер на домашен терен во Велес (3-0). Утре се игра последниот натпревар од 11. коло каде Силекс во Кратово ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .