Тринкиери: Звезда ни е најтежок противник до сега

Андреа Тринкиери поранешниот тренер на Партизан и како таков омразен кај навивачите на Црвена звезда, вечерва, но сега како тренер на германскиот великан Баерн Минхен ќе ја пречека Звезда во рамките од Евролигата.

Италијанскиот стретег со хрватско потекло пред вечерашниот натпревар од најквалитетното европско кошаркарско натпреварување кажа дека Звезда на Баварците ќе им биде најтежок противник од стартот на новата сезона.

„Не очекува најтешкиот натпревар до сега, гледајќи го физичкиот предизвик кој е пред нас затоа што Звезда игра многу агресивно, со многу енергија. Имаат „длабок“ ростер, ја победија ЦСКА и тоа многу кажува за нив. Ќе ни биде тешко и во напад и во одбрана. И затоа мораме да бидеме подобри него што бевме до сега“, кажа Тринкиери.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .