Тренерот на Тим во центарот на терористичкиот напад во Виена: Не држеа во ресторан осум часа…

Чилеанецот Николас Масу, тренерот на австрискиот тенисер Доминик Тим, бил во близина на терористичкиот напап кој синоќа се случи во Виена!

Маса во моментот на нападот се наоѓал во близина, а тоа го потврди на социјалните мрежи.

„Чао друштво. Јас сум во центарот на Виена, многу блиску до нападот. Ни кажаа да останеме во ресотранот и сега чекаме да видиме што ќе се случи“, гласеше првата објава на Масу.

После одредено време следеше и нова.

„Поздрав до сите. Во хотел сум, сега се е тивко и се е во ред. После големиот страв кој владееше, превентивно бевме затворени во ресторан осум часа. Ви благодарам уште еднаш за поддршката“, напаиша Масу.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .