Трае го замолчи „Медисон“ на секунда до крајот: Атланта до брејк во Њујорк! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Атланта направија брејкот на почетокот од четвртфиналето во Источната конференција на НБА лигата, откако во култниот „Медисон Сквер Гарден“ го совладаа Њујорк Никс со 105:107!

Херој за „јастребите“ беше првата ѕвезда на франшизата, Трае Јанг кој со звукот на сирената го реши натпреварот и замолчи 15.000 навивачи на Никси, кои го навредуваа константно. Јанг мечот го заврши со 32 поени, 10 асистенции и седум скокови.

„Кога топката влезе во кошот, почувствував дека сите замолчеа. Чекав повторно да ме навредуваат, бев и тоа како возбуден“, изјави Јанг по натпреварот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .