Трабзон со последна понуда, дали Алиоски ќе ги одбие – милионите?

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е еден од најбараните фудбалер во летниот преоден рок. На офанзивниот дефанзивец му заврши договорот со Лидс јунајтед, па сега како слободен играч е на слатки маки чија понуда да ја прифати.

Сепак, Алиоски ќе мора што побрзо да одлучи затоа што сериозните европски клубови веќе се екипираат за следната сезона, а голем дел од нив ги започнаа подготовките. Еден од тие што го губи трпението е турскиот великан Трабзонспор.

Трабзон ја зголемил понудата на 2.100.000 евра годишно, меѓутоа побарал од Алиоски во најбрз можен рок да им го даде одговорот, па останува да видиме каква ќе биде одлуката на одличниот фудбалер.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.